Не престануваат критиките за победата на Меси

Точка

30/11/2021

21:23

3.238

Големина на фонт

а а а

Победата на Аргентинецот Лионел Меси во изборот на "France Football" за најдобар фудбалер на светот во 2021-ва година предизвикала бран од критики од новинарите, фудбалските експерти и фудбалерите.

Повеќето сметаат дека наградата требало да ја освои напаѓачот на полската репрезентација и Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Дури и аргентинскиот мајстор на прогласувањето рекол дека Левандовски ја заслужил наградата.

"Роберт, ја заслужи Златната топка", порачал Меси од говорницата. Потсетуваме, Левандовски завршил на второто место, а имал 33 бода помалку.

"Скандалозен избор", гласел насловот на германски Билд.

"Со години полската ѕвезда на Баерн е ефикасна, постигнува голови и освојува трофеи, но тоа очигледно не е доволно".


Прогласен е за најдобар играч според ФИФА во 2020-та година, откако бил најдобар стрелец во Лигата на Шампионите. Левандовски таа година не ја освоил Златната топка, бидејќи изборот бил откажан поради пандемијата. Одличниот Полјак минатата сезона постигнал 41 гол во Бундеслигата, рушејќи го рекордот на Герд Милер. Овој подвиг, сепак не оддекнал гласно во странство, каде очигледно поголем впечаток оставило освојувањето на Меси во Копа Америка со Аргентина.

"Искрено, не разбирам ништо", рекла германската легенда Лотар Матеус.

"Со должно почитување кон Меси и останатите наведени играчи, никој не ја заслужи наградата како Левандовски".

И други во Европа се прашуваат за изборот на Меси. "Секогаш ми е се потешко да верувам во таа награда", рекол Икер Касиљас, легендарниот шпански голман, сега во пензија.


"За мене Меси е еден од петте најдобри играчи во историјата, но треба да почнеме да знаеме да ги разликуваме оние кои биле најдобри на крајот од сезоната. Не е тешко", додал Касиљас.

Се огласил и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

"Можеме засекогаш да му дадеме Златна топка на Меси за неговата игра и кариера", рекол Клоп, но додал дека таа награда за оваа година треба да му се даде на Левандовски.

И италијанска "Gazzeta dello Sport" изразува сомнеж во филозофијата на "France Football".

"Оваа награда стана фарса", порачала "Gazzeta".


Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација Гери Линекер смета дека Златната топка требало да ја добие Полјакот.

"Тој го заслужува тоа", напишал Англичанецот на Твитер.

Меѓу кандидатите за оваа награда беше вброен и фудбалерот на Челзи и Италијанската репрезентација, Жоргињо.

"Ги освои сите главни трофеи и беше дел од тим титулите, па немаше да биде чудно да ја освои тој", рекол неговиот менаџер во Челси, Томас Тухел.

Истото мислење го има и италијанска "La Repubblica", која смета дека наградата требало да ја освои Жоргињо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг