Некои зачини делуваат слично како моќните антибиотици – тие се борат против воспалителните процеси, го регулираат инсулинот, делуваат антиоксидативно и ја разредуваат крвта.
Ако редовно внесувате билки и зачини во исхраната во мали дози, тоа позитивно ќе влијае на вашето здравје.
Научниците спровеле истражување и именувале 4 природни лекови кои имаат моќно лековито дејство:
Воспаленијата се сметаат за можна причина за срцеви проблеми, мозочен удар, малигни неоплазми, артритис и Алцхајмерова болест.
Активните соединенија во коренот на ѓумбирот – гингероли, ја ублажуваат болката и делуваат како инхибитори на циклооксигеназа, слично на антиартритичките лекови. Освен тоа, гингеролите имаат слично дејство на добропознатиот аспирин и ја разредуваат крвта, што е неопходно кај срцевите заболувања.
Маслото од оригано покажало антибиотски ефекти во лекување на стафилококни инфекции кај лабораториски глувци. Маслото исто така ги инхибира габичните инфекции и паразитите.
Додавањето на оригано во различни оброци има антипаразитски и антидијабетски предности.
Куркумата содржи висок процен на силен антиоксидант – куркумин, за кој се верува дека ги уништува малигните клетки кај ракот на простата, дебело црево и бели дробови.
Научниците шпекулираат дека куркуминот може да ја блокира активноста на гените кои предизвикуваат рак.
Вклучувањето на цимет во исхраната ја држи флуктуацијата на шеќерот во крвта под контрола. Зачините како што се каранфилче, куркума и ловоров лист исто така покажале сличен ефект, но помалку изразен за разлика од циметот.