Искусниот фудбалер на Реал Мадрид, Тони Крос, јасно потенцирал дека е незадоволен од фактот што Лионел Меси ја освои „Златната топка“ за 2021 година.
Германецот очекувано е убеден дека таа требало да му припадне на неговиот соиграч Карим Бензема и не разбира зошто завршила кај Меси кој имаше лоша сезона со Барселона.
– Прво да кажам дека не сум заинтересиран за индивидуалните награди, но кога веќе се доделуваат, треба да бидат фер доделени. Во моите очи годинава не беше така и може да се забележи дека во одредени години имаме добитници кои на чуден начин се провлекуваат до признанијата.
– Според мене, ако се бира индивидуален број еден, Карим Бензема мораше да биде на врвот, бидејќи одблиску можам да видам за каков фудбалер станува збор.
– Нема дилеми дека Меси и Роналдо се најдобри играчи последната деценија и поседува квалитети кои другите ги немаат. Но, овој пат гледам фудбалери кои требаше да бидат пред него. Кога гледам колку важни голови постигна Кристијано Роналдо и дека Манчестер Јунајтед остана во Лигата на шампионите благодарение на неговите решавачки погодоци, во моите очи и Кристијано е пред Меси, – изјавил Крос во подкаст.