Д-р Пановски: Омикрон ќе дојде, ама му треба време – рестриктивни мерки треба да има!

Точка

30/11/2021

10:47

3.219

Големина на фонт

а а а

Епидемиолошката состојба со Ковид-19 во Македонија е стабилна, засега нема да се воведуваат нови мерки, а внимателно ќе се следи состојбата со ширењето на новиот сој – омикрон, најавија здравствените власти.

Еве што вели д-р Никола Пановски на таа тема:

„Без разлика на новиот сој омикрон, рестриктивни мерки треба да има.

Омикрон ќе дојде, ама му треба време. За него ќе треба да се обрне внимание пред Нова година. Но, да не чекаме да се повтори ситуацијата како со делта сојот. Тогаш сметаа дека нема потреба од контрола на границите за граѓаните кои доаѓаат од земји со висока трансмисија на делта сојот, а кога воведоа мерки истите се однесуваа за излегување од земјава“, изјави д-р Пановски, пренесува „Дојче Веле“.

Според д-р Пановски, најдобро е овој период училиштата да преминат на онлајн настава или барем на комбиниран модел.

„Исто така, по 22 или 23 часот не треба да има собирања надвор, а бројката на присутни во угостителските објекти да се редуцира на 30 отсто“, вели д-р Пановски.

Како се изјаснува СЗО за омикрон сојот на коронавирусот: Прва прогноза на СЗО за омикрон сојот: Невиден број мутации, сериозни последици – дадено и упатство до државите




Спонзорирани линкови

Маркетинг