Модриќ и Аспиликуета не добија ниту еден глас за Златната топка

Макфакс

30/11/2021

10:26

1.738

Големина на фонт

а а а

„Франс фудбал“, синоќа ја додели Златната топка. Седми пат во кариерата лауреат е Лионел Меси.

Ако Аргентинецот е најголемиот добитник, тогаш губитници се Цесар Аспиликуета и Лука Модирќ.

Капитенот на Челси и играчот на Реал Мадрид, инаку лауреат во 2018 година, го поделија 29.мести.

Аспиликуета и Модриќ се единствените од 30.најдобри кои во гласањето за Златната топка не добиле ниту еден глас.

Меси доби 613, а Роберт Левендовски 580 гласа.