Глумицата води битка со коронавирусот, а нејзиниот сопруг немал никакви симптоми поради неговата чудна навика

Точка

29/11/2021

20:43

12.201

Големина на фонт

а а а

Славната глумица Кира Најтли (36) води битка со корона вирусот, а единствениот кој нема симптоми е нејзиниот сопруг.

Како што пренесува Телеграф, глумицата се наоѓа во изолација во својот дом во Лондон, каде се бори против короната заедно со своите ќерки, 6-годишната Еди и 2-годишната Делајла, кои исто така се позитивни на корона.

Таа по пат Зум открила како се чувствува.


"Ќе ви пречи ли доколку не ја вклучам камерата? Имам корона и се чувствувам навистина лошо", му рекла глумицата на новинарот па открила дека нејзиниот сопруг Џејмс Рајт се фали дека тој нема симптоми.

"Тој е многу задоволен поради тоа - убеден е дека тоа е така бидејќи се капи во студена вода, а јас не го правам тоа", рекла глумицата.


Таа открила дека примила две дози вакцина против корона, но и дека нејзините ќерки се чувствуваат подобро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг