Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Макфакс

27/11/2021

10:35

3.119

Големина на фонт

а а а

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“.

Отпуштените се во добра и стабилна состојба, а се очекува да бидат преземени на натамошно набљудување од страна на здравствените установи во Македонија.

На повредените од денот на приемот до денес им се обезбедува потребната медицинска нега во Бугарија. Нивната состојба секојдневно се проценува и се преземаат потребните медицински мерки, уверуваат од болницата.

Пациентите ќе бидат отпуштени во фази во зависност од нивната состојба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг