Голф не е ни во првите 10: Ова се најпродаваните автомобили во Европа

24 Вести

25/11/2021

16:36

42.316

Големина на фонт

а а а

Првото место сега го држи малиот SUV модел на "Peugeot".

Нарушувањата во производството на новите автомобили поради недостиг на чипови веќе се позната работа и поради тоа и продажните фаворити од месец во месец изгледаат поинаку.


Со години првото место било резервирано за "Volkswagen Golf", а во октомври го нема ни меѓу првите десет во Европа, велат податоците на "JATO Dynamics".


Првото место сега го држи малиот SUV 2008 на "Peugeot" (18.109 продадени примероци), втор е "Renault Clio" (14.639), следат "Dacia Sandero" (14.034), Peugeot 208 (13.978), а петти е "Ford Focus" со 12.704 продадени примероци.


"Golf" испаднал од првите десет - продадени се малку повеќе до 11.000 возила. Фабриката на "Volkswagen" во германски Волфсбург поради недостиг на чипови работи на ниво кое не е забележано уште од 1958-ма година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг