Истрага за автобуската несреќа: Во автобусот пронајдени 44 жртви - останува дилемата, каде е осмото лице

Макфакс

25/11/2021

11:12

4.735

Големина на фонт

а а а

Во остатоците од автобусот се пронајдени 44 трупови од жртви, соопштија бугарските истражни органи. Тие велат дека добиле информација дека во автобусот патувале 52 патници, а во болница се лекуваат 7 лица.

За нив, останува нејасно, каде е уште едниот патник кој бил регистриран дека е во автобусот. Според заменикот на главниот бугарски обвинител, се претпоставува дека еден патник се одлучил да патува со друг автобус на „Беса транс“, кој исто така бил на турата во Турција.

„Сите настрадани, според лекарите, се во добра состојба, но во тешка психичка состојба. Бев со главниот обвинител на Македонија на местото на несреќата, ги видов телата. Тоа засекогаш ќе биде вмрежано од мојата меморија. Беше страшно. Кога ги посетив во болница, еден бараше да оди во тоалет, еден да зборува со мајка му, другиот го бараше синот, кој останал во автобусот. Најдовме 44 трупови, во болница се 7 лица. Имаме информација дека патувале 52 патници. Останува големата дилема, каде е осмото лице? Работиме по таа верзија. Можеби станува збор и за лоша меморија на сведоците“, кажа Милева дел од тимот кој ја истражува несреќата“, изјави портпаролката на главната обвинителка на Бугарија, Сијка Милева.

Пред тешкиот инцидент, имало 20 минутна пауза на бензинска станица. Се претпоставува дека еден патник се качил во друг автобус, но тоа не е докажано. Поради тоа, се проверуваат и снимките од надзорните камери каде имало пауза на патниците. За кој патник станува збор, ќе се проверува откако македонските власти ќе направат проверка кои патници влегле во Македонија.


Првично сомневање е дека пожарот настанал по удар во банкина

Се работи на сите верзии кои можат да бидат причина за палење на автобусот во кој изгореа 44 патници, но засега, не е утврдена точната причина. Борислав Сарафов, заменик на главниот бугарски обвинител, посочи дека првичното и непотврдено сомневање е дека пожарот настанал по ударот на автобусот во една од банкините.

Според неговото објаснување, по ударот на автобусот во една од банкините на патот, тој подолго време се движел покрај неа, поради што е можно да настанал, како што рече „ефект на шмирглање“. Тоа значи дека се исфрлале искри, кои пак, предизвикале течностите во автобусот, а тоа се масла и нафта, да се запалат и лесно да горат. Според неговото објаснување, автобусот имал делови кои лесно се загреале, помогнале брзо да се запали и изгори.

За точните причини, од бугарското обвинителство посочија дека треба да се почека крајот на истрагата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг