Футуристички мобилен дом кој може да се движи на секаков терен

Точка

23/11/2021

18:30

48.917

Големина на фонт

а а а

Многу луѓе поради пандемијата со коронавирус отишле подалеку од социјалното дистанцирање и ги напуштиле градовите, а следниот чекор во слични ситуации би биле и придвижувачките футуристички домови.

Концептот на работа и патувљње многу се промени во текот на пандемијата, а луѓето се пренасочиле кон работи кои им овозможуваат работа од дома или од пооддалечени локации. Рестрикциите за патувањата стануваат се поостри на врвот на пандемијата поради задолжителното дистанцирање па поголемиот дел од светската популација остана "заробена" во своите домови.

Бугарскиот 3Д дизајнер, Енчо Енчев креирал концепт од футуристички подвижеб дом кој го дизајнирал така што ќе може да се движи по различни терени со помош на своите механички нозе, така што сопственикот може да го постави како камп на посакуваното место.


Дизајнерот рекол дека бил инспириран од популарноста на работата од дома и неговата љубов кон езерата и планините. Тој увидел дека луѓето сакаат да ги напуштат градовите и да се преселат во ретко населените подрачја во природа, но дека им недостига домот поради пристапност до некое места. Неговиот концепт понуди решение на овој проблем.

Функционалноста и практичноста се клуч за развој на оваа идеја. Тој работел и на други важни детали како тежината и енергијата, така што неговиот мобилен дом може да биде придвижуван од електрични мотори, но поседува и дизелски помошен генератор во случај на проблем со моторите.


Внатрешноста содржи елементи од висока технологија, прозорците биле направени од паметен стил кој блокира сончева светлина кога е потребно. Енчев планирал и автоматизиран мебел и паметни технолошки гаџети, интегриран простор складирање, резервоар за вода и енергетски ќелии за луѓето да можат да живеат удобно без спојување на електрична мрежа.


Подвижниот дом моментално е само концепт, кој еден ден би можел да стане реалност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг