Се снима филм за Дејвид Боуви кој ќе содржи досега необјавени записи од концерти

Точка

20/11/2021

16:09

6.662

Големина на фонт

а а а

Во тек е снимање на филм за Дејвид Боуви во режија на Брет Морген кој ќе содржи досега необјавени снимки од неговите концерти и настапи.

Како што известува „Variety“, режисерот работи на овој филм веќе 4 години, а името на истиот сè уште не е откриено. Извор близок до Морген вели дека ова не е документарец ниту биографски филм туку „импресивно филмско искуство настанато врз основа на никогаш претходно видени материјали“.


Постои можност филмот да биде премиерно прикажан на „Sundance Film Festival“ во Јута во јануари 2022 година, 6 години по смртта на легендарниот Боуви.

Од друга страна, албумот на музичарот „Toy“ ќе биде официјално објавен на 26-ти ноември, 2 децении откако првично требаше да биде објавен. Албумот ќе се појави како дел од новиот бокс-сет „David Bowie 5: Brilliant Adventure (1992 - 2001)“.