Лишени од слобода двајца вработени во „Железници Транспорт“ по пријава дека на работа копале криптовалути - еве што велат од МВР за случајот

Точка

20/11/2021

16:03

5.203

Големина на фонт

а а а

Двајца вработени во „Железници Транспорт“ вчера биле приведени во полиција по пријава дека во службена канцеларија копале криптовалути, потврди Министерството за внатрешни работи за „360степени“.

Инспекторите од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром, вчера ги лишиле од слобода М.У. (63) и Д.П. (38), и двајцата од Скопје поради постоење сомнеж за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Случајот во МВР го пријавил раководно лице во претпријатието откако истото забележало поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, пренесува „360степени“.

„Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени Железници, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.




Спонзорирани линкови

Маркетинг