(Видео) Во Ротердам нереди поради ковид-пропусниците: Полицијата пукаше на луѓето, има повредени

Точка

20/11/2021

12:19

12.368

Големина на фонт

а а а

Холандската полиција ранила најмалку две лица во нередите во Ротердам кои избиле поради новите мерки кои владата на оваа земја ги вовела со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Полицијата на протестите испукала куршуми за предупредување и употребила водени топови, пишува "Jutarnji List".

Демонстрантите фрлале камења и петарди и запалиле полициски автомобил, пренесува "BBC".

Стотици демонстранти се собрале за да го покажат својот бес поради владиниот план дека ковид-пропусници можат да поседуваат исклучиво вакцинирани граѓани кои прележале коронавирус, додека негативниот тест веќе не би се признавал.

На многумина како повод им послужил и делумниот локдаун кој Холандија го вовела пред една недела.

"Полицијата испукала неколку куршуми за предупредување, бидејќи ситуацијата станала опасна по живот. Тоа резултирало со тоа барем две лица да бидат повредени", рекол за "Reuters" портпаролот на полицијата.

Во Ротердам е вонредна состојба, а поради насилствата затворена е и главната железничка станица. Центарот на градот е демолиран, а освен две лица кои биле застрелани од полицијата, има и други повредени. Во текот на ноќта биле уапсени десетина лица.