Се огласија од МВР: „Не е утврдена никаква кражба на струја во ГТЦ“

Точка

16/11/2021

19:32

2.592

Големина на фонт

а а а

По повод денешната акција во подрумските простории на Градскиот трговски центар, се огласи и Министерството за внатрешни работи.

Оттаму за „ТВ21“ велат дека денеска во 14:45 часот во СВР Скопје А.М. пријавил дека во магацините на ГТЦ “имало поставено машини за копање крипто валути” односно дека заради наводна интернет трговија со крипто валути, извесни лица извршиле кражба на електрична енергија, со цел да го опслужат неопходниот капацитет на нивните компјутерски машини неопходни за трговија со крипто валути.

„Извршени се разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што утврдено е дека за броилата, кои се во приватна сопственост, не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик“, велат од МВР.

Во август 2021 година по претходно добиен оперативен податок за истото кривично дело „кражба на електрична енергија”, исто така е постапувано од страна на полицијата на истата локација и не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути. Имено, копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во кривичниот законик на РСМ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг