Видео: Вpие од полиција во ГТЦ – Во подрумите се копале криптовалути на див приклучок за струја?

Нетпрес

16/11/2021

17:48

5.761

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва покрена полициска акција во подрумските простории на Градскиот трговски центар во Скопје, а според првичните информации што ги објави ТВ21, наводно во подрумите на трговскиот центар се ископувале криптовалути на див приклучок на струја.

Според ТВ21, пак, во магацинските простории имало десетина компјутери за копање криптовалути, а кои биле диво приклучени на електричен приклучок на ГТЦ.

За потрошената електричната енергија плаќаат дуќанџиите во ГТЦ.

Полицијата чека судски налог за влез во просториите.

Се очекуваат повеќе информации во текот на вечерта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг