„Знаете какви се момчињата во тие години“: Наставничка имала сексуален однос со ученик, па им се пофалила на пријателите

Точка

27/10/2021

21:45

10.692

Големина на фонт

а а а

Наставничката Фатина Хосеин имала сексуални односи со еден од своите ученици и наводно им се фалела на своите пријатели како учениците флертуваат со неа.

Фатина завршила во затвор поради заведување и сексуален однос со 14-годишник, а сето тоа траело неколку месеци во училиште во Западен Сасекс во Велика Британија.

Фатина (25) наводно им се пофалила на пријателите дека нејзините ученици се под влијание на хормоните и дека постојано флертуваат со неа.

„Знаете какви можат да бидат децата во тие години, мислевме дека тоа е шега“, изјавила нејзина другарка за „Mirror“

„Сега кога ќе погледнам наназад и знам што сè правела, тоа е одвратно. Знаеше да биде манипулатор и темпераментна особено кога ќе се почувствуваше нападната“, додала нејзината другарка.

На судењето биле споделени детали од нејзината врска со ученикот која траела неколку месеци, а на момчето му рекла дека е бремена кога се обидел да ја прекине врската. Дури му понудила и пари за тоа да не го пријави во полиција.

Таа била пуштена со кауција минатиот јуни, потоа почнала да го малтретира момчето и неговото семејство за да ги натера да ја повлечат тужбата.

Таа ги користела и нивните лажни профили на социјалните мрежи преку кои ги испрашувала другите деца од училиштето за да се увери дека за неа нема да зборуваат со полицијата.

Откако било започнато обвинението против неа, таа завршила на суд во октомври 2020 година, по што се обидела да намами член од семејството на момчето со кое имала афера.

Таа направила низа лажни профили претставувајќи се како 14-годишно девојче и на тој начин се обидела да намами член од семејството на момчето да ги дискредитираат на суд.

Фатина на крај била осудена на пет години затвор, а трајно била ставена на листата на сексуални престапници.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг