Данска и Италија со нови КОВИД протоколи за државјаните на Македонија

Макфакс

27/10/2021

12:03

6.783

Големина на фонт

а а а

Со најновата одлука на италијанските власти, Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување за државјаните на Република Северна Македонија во Италијанската Република.

Притоа на нашите државјани им се дозволува влез исклучиво за: работни потреби; апсолутна итност; здравствени потреби; потреби за студирање; враќање во својот дом или живеалиште, соопшти Министерството за надворешни работи.

Враќање или влез во Италија, се дозволува за оние државјани на Северна Македонија кои имаат регулирано долгорочен престој во Италија и за нивните членови на семејството.


При влез или враќање во Италија од нашата држава задолжително е презентирање на: Пополнет онлајн формулар за локација (dPLF), негативниот резултат на молекуларен или антигенски тест покрај што сепак следува задолжителна самоизолација и здравствен надзор во период од десет дена. По десетте дена изолација, задолжително е да се изврши дополнителен молекуларен или антигенски тест, објаснуваат од ова министерство.

Од друга страна, од таму додаваат дека Данска ги олесни Ковид правилата за влез на државјаните на Република Северна Македонија.


Со најновата одлука на данските авторитети, нашите државјани ќе можат да влезат во Данска, без ограничувања или валидни причини но, потребно е да приложат валиден ЕУ дигитален сертификат кој што вклучува потврда за вакцинација (одобрени од ЕМА), потврда за закрепнување (не постара од 12 месеци) или негативен ПЦР тест.



Спонзорирани линкови

Маркетинг