Потресно сведоштво на адвокатот на Марадона: "Покрај сите тие пари, почина во празна куќа, сам и напуштен"

Точка

26/10/2021

16:49

3.190

Големина на фонт

а а а

На судењето за утврдување на одговорноста за смртта на Диего Марадона, во понеделникот, кога се навршувале 11 месеци од смртта на легендарниот фудбалер, зборувал неговиот адвокат, кој на клупата за сведоци седнал по барање на ќерките на фудбалерот, Далма и Џанина.

Пред судот во Буенос Аирес во понеделникот се појавил Матијас Морла, адвокатот на славниот фудбалер, кој сведочел во постапката за утврдување на сите факти околу мистериозната смрт.

"Сето тоа беше една голема глупост. Прво, бидејќи препораката на лекарите беше дека Диего не смее да ја напушта клиниката по операцијата, а второ затоа што празната куќа во Ла Плата му беше на располагање на Марадона за рехабилитација, но тој на крајот заврши во некоја друга куќа во Тигре. Никако не смееше да ја напушти болницата, ако лекарите тоа го забраниле", истакнал Морла.

"Не се согласував да оди во таа друга куќа, тоа и му го кажав. Почнаа да му покажуваат разни куќи, а мојата работа беше само да ги донесам парите тоа да се плати. Со парите кои ги имаше, можеше да плати три доктори да го гледаат секојдневно, а не да умре во празна куќа. Сам и напуштен".

"Тоа се катастрофални грешки, бидејќи Диего почина. На крајот експлодираше. Срцето му експлодираше, оставен сам и незаштитен да се мачи и да умре", подвлекол Матијас во исказот на 20 страници.


Адвокатот подвлекол дека ќерките Далма и Џанина се одговорни за патењето на нивниот татко, бидејќи го одвеле од болницата.

"Ми се јави директорот на клиниката и ми кажа дека зборувал со ќерките, кои му рекле дека јас сум проблемот и дека се противам на одлуката да го пуштат од болница. Јас му реков дека не сум Дракула и дека е подобро Диего да остане во болница ако докторите одлучиле така".

Морла открил и дека последен пат лично го видел Диего на 16-ти ноември минатата година во Тигре, неколку дена пред смртта.


"Делуваше свесно, а кога си одев му реков: 'Се гледаме подоцна'. Го поздравив, а тој ме зграби за рака, ме повлече кон себе и ми кажа: 'Те сакам'. Тоа беше последен пат да се видиме".

Во вториот дел од исказот адвокатот подвлекол дека семејството ја потценило состојбата на Диего.

"Несомнено е дека некои лекари се виновни што Диего е сега мртов. Открив дека се е направено погрешно, дека неврохирургот кој претходно го оперираше не бил ни известен за состојбата на својот пациент, а не можел дури ни да го види", заклучил Морла.




Спонзорирани линкови

Маркетинг