На палачинките ретко кој може да им одолее, но веројатно не сте ги јаделе често во облик на пита.
Палачинките веројатно сте ги јаделе на многу начини, и солени и слатки, со печеница и павлака, кашкавал, но и со ореви и мед, бисквити... Меѓутоа, веројатно малкумина го пробале овој фантастичен рецепт за солена пита од палачинки.
- 200 грама меко брашно;
- 2 јајца;
- 3 децилитри млеко;
- малку млака вода;
- малку сол;
- малку шеќер.
- 200 грама крем-сирење;
- 200 грама печеница;
- 2 чаши кисела павлака;
- 200 грама кашкавал;
- 2 јајца.
Направете тесто за палачинки од брашното, јајцата, маслото за јадење, млекото, малку вода, сол и шеќер и оставете половина час да стои во фрижидер.
Од тестото на тава за палачинки испечете 10-12 палачинки.
Потоа во сад за печење на дното ставете две или три палачинки (во зависност од големината на садот) премачкајте со масло за јадење.
Изматете го крем-сирењето, една чаша павлака и потоа изрендајте кашкавал. Над палачинките во садот ставете од филот, а над него ставете тенко исечени парчиња печеница.
Повторете ја постапката додека не ги потрошите намирниците водејќи сметка на најгорниот слој да бидат палачинките.
Изматете две јајца и чаша кисела павлака и прелијте ја питата.
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и печете околу 30 минути.
Пријатно јадење!