Пристигнува летечко такси!

Точка

26/10/2021

13:50

24.081

Големина на фонт

а а а

Аеродромите во италијанските градови Рим, Венеција и Болоња и на француската ривиера ги здружиле силите со цел да основаат компанија која ќе формира и управува со инфраструктура за "такси летала", објавено е денеска во заедничко соопштение од компаниите.

Инфраструктурата, позната под името вертипорт (вертикален аеродром), служи за сместување на авиони на батерии кои можат да полетуваат и слетуваат вертикално, нудејќи им на патниците нови можности да ги избегнат сообраќајот и во најкраток рок да дојдат од еден град во друг, пренесува "Reuters".


Римскиот аеродром со кој управува "Атлантија", Аеродромот Венеција, Аеродромот Гуилијемо Маркони во Болоња и француските аеродроми на Азурната ривиера, соопштиле дека нивната компанија, со име "УрбанБлу", ќе биде отворена и за други индустриски, технолошки и финансиски партнери за проектот постепено да се шири во Италија, Франција и други дестинации.


Партнер на компанијата "УрбанБлу" ќе биде германскиот стартап "Волокоптер", а ќе добие поддршка и од инвестициониот фонд "ЕДФ Инвест", акционер во аеродромите на Азурната ривиера, се додава во соопштението.


Почетокот на работата на вертипортот во Рим, Венеција и францускиот приморски град Ница е планиран до 2024-та година. Финансиските детали од проектот не се објавени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг