Д-р Кон за синоќешниот инцидент и ковид пропусниците во Србија: „Скандираа Менгеле и усташ, тоа нема да им го простам. Ќе бараме жестоки мерки!“

Точка

26/10/2021

20:01

8.814

Големина на фонт

а а а

Епидемиологот Предраг Кон нагласи дека корона мерките би можеле да бидат поригорозни и најави можност дека ковид пропусниците би можеле да се продолжат во траeњето од 24 часа.

„Сè уште не можеме да ги видиме резултатите поради тоа што штотуку почна да се применува таа мерка. Таа е само вовед во нешто што треба да го спроведeме 24 часа дневно. Тоа е епидемиолошки став. Дали задоцнивме сега бесмислено е да се зборува. Ги бараме овие мерки уште од пролетта“, изјавил членот на Кризниот штаб на утринската програма на телeвизија „Курир“.

Кон нагласил дека епидемиолошката ситуација е таква што бара ригорозни мерки:

„Луѓето сè уште не се организирале да ги контролираат ковид пропусниците, но мислам дека тоа нема да трае долго. Расправата за тоа дали тоа е во состав со човековите права траеше долго и протестантите за човекови права во овој случај не се во право. Посебно ќе одговорам на тоа поврзано со синоќешните протести. Ситуацијата е таква што бара рестриктивни и жестоки мерки. Доколку мерките бидат 24 часа ќе се види подобрување. А, тоа наскоро и ќе се случи“, изјавил Кон.


Епидемиологот истакнал дека смета дека ковид пропусниците требало да се воведат уште во месец јули:

„Премногу рано е за било каков заклучок. Тоа што е важно е дека постои мерка која го чува народното здравје. Таа и поради тоа е донесена, а не некого да малтретира. Мислам дека ковид пропусниците требаше уште во јули да се воведат“, изјавил Кон.

Епидемиологот зборувал и за протестите против ковид пропусниците кои веќе со денови се одржуваат во вечерните часови пред Собранието во Белград:

„Морам јасно да кажам. Тука се скандираше дека сум усташ, а тоа нема врска со вистината. Се скандираше дека сум негативец. Тоа исто така нема врска со вистината, јас сум епидемиолог, негативец е вирусот, а тие се сместуваат во негативци. Тоа треба да им биде јасно.


Им се обраќам на сите граѓани на Србија: Не вбројувајте се во негативци! Скандираа дека сум Менгеле, а тој се смета за најлошото зло кое постои, тоа поради потеклото никогаш нема да им го простам. На крајот скандираа „уапсете го Кон“. Зошто мене некој би ме уапсил? Дали е тоа поради ковид пропусниците? Ставот кон вакцините? Не! Нема апсолутна причина некој да ме уапси“, изјавил Кон.

Епидемиологот зборувал и за некои тврдења дека хронично болните имаат страв од вакцини:


„Тоа е лудо. Хронично болните се први за вакцинациjа поради тоа што самиот Ковид може да биде смртоносен за нив. Дури треба и порано да ја примат третата доза и тоа особено доколку имаат оштетен имун систем. Инаку, треба да се каже, за хронично болните, доколку примиле Синофарм, после четири месеци треба да примат трета доза. Оние кои се имунокомпромитирани веќе по еден месец од втората доза треба да ја примаат третата. Имунитетoт по вакцината не трае долго. Од тоа малку се плашевме. Не постои ниту една хронична болест поради која некој не смее да прими вакцина. Се бира само моментот кога пациентот треба да прими вакцина“, вели д-р Кон и апелира граѓаните да се вакцинираат.


Важно е да се комуницира со граѓаните

„Комуникацијата со граѓаните е на високо ниво. Вакцинацијата не е на посакуваното ниво. На територијата на Белград вчера казнивме два угостителски локали поради тоа што не ги почитуваа мерките, потоа три ланци на маркети и еден трговски центар. Важно е да комуницираме со граѓаните и да им објасниме дека вакцината е решение на нашите проблеми“, изјавил директорот на „Беоком“, Дарко Главаш.




Спонзорирани линкови

Маркетинг