Кривична пријава е поднесена против Стружанец кој лажно пријавил дека бил грабнат со закана со оружје. Полицијата открила дека инцидентот не се случил и осомничениот признал дека измислил целата приказна.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.
Според полицијата, на 17 август годинава, К.Р. во ОВР Струга пријавил дека во Струга бил грабнат од повеќе лица со закана со огнено оружје.
По преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека пријавеното кривично дело било лажно. Стружанецот бил повикан на службен разговор, при што признал дека лажно го пријавил грабнувањето.








