Болдвин присуствуваше на комеморацијата на Хачинс, се сретнал и со нејзиниот сопруг и син

Точка

24/10/2021

13:25

9.878

Големина на фонт

а а а

Алек Болдвин присуствувал на приватниот меморијал за Халина Хачинс, симателката која случајно ја убил во четвртокот кога пукал од пиштол реквизит кој по грешка бил наполнет со вистински куршуми.

Болдвин заедно со сопругот и синот на трагично настраданата снимателка присуствувал на комеморацијата во кругот на семејството и пријателите.


Холивудскиот глумец на Твитер објавил дека е во контакт со сопругот на починатата Хачинс, нудејќи му поддршка него и на неговото семејство.


"Срцето ми е скршено поради нејзиниот сопруг, нивниот син и сите кои ја знаеја и сакаа Халина", напишал тој.

Да се потсетиме, откако пукал со реквизитот за кој му рекле дека е "ладен пиштол", Болдвин случајно ја убил Хачинс (42) и ранил режисерот Џоел Соузи (48).



Спонзорирани линкови

Маркетинг