Меган Фокс изјави дека е благодарна за улогата во легендарниот филм: "Отворено зборував за својата бисексуалност пред да стане популарна"

Точка

22/10/2021

20:40

5.137

Големина на фонт

а а а

Меган Фокс се навратила на својата улога во филмот "Jenifer's Body", кажувајќи дека е многу горда доколкѕ барем на едно девојче ѝ помогна да "излезе од плакарот".

Фокс ја глуми Џенифер, популарната средношколска навивачка која започнува да ги јаде телата на мажи откако ќе ја опседнат демони. Аманда Сејфрид ја глуми нејзината најдобра пријателка Ниди, која подоцна станува нејзина девојка.


"Убиваш луѓе", "Не, убивам деца", била дел од конверзацијата помеѓу нив две, а овој цитат е одамна популарен помеѓу припадниците на ЛГБТ.


"Не можам да избројам колку девојки кои имаат 30 и повеќе години ми пришле и рекле: 'Поради твојата улога сфатив дека сум геј' или 'Не се чувствував непријатно кога одлучив да "излезам од плакарот". Отворено зборував за својата бисексуалност пред да стане популарна", рекла Фокс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг