Само еден филм го престигна Џејмс Бонд во заработени пари – сте слушнале ли за него?

Точка

20/10/2021

21:10

7.520

Големина на фонт

а а а

Филмот кој моментално ги руши рекордите на гледаност, а за кој веројатно не сте слушнале е „The Battle at Lake Changjin“ и е на пат да стане филм со најголема заработка во Кина на сите времиња.

Остварувањето го поддржува и самата кинеска држава, а истиот ја следи приказната на група кинески војници во текот на Корејската војна кои се обидуваат да ги одбијат американските и сојузничките сили на денешната граница на Кина со Северна Кореја.


Филмот во кинеските кина пристигнал на 30 септември – денот воочи кинескиот неделен државен празник и досега заработил 798 милиони долари, пренесува „Variety“ повикувајќи се на податоците од консултантската куќа „Artisan Gateway“.

Кинеската благајна е најголема на светот, што значи дека овој филм е со најголема заработка во светот.

Тоа воедно е и најскапиот филм кој некогаш бил снимен во Кина, чини повеќе од 200 милиони долари, објавил „The Hollywood Reporter“.

Филмот се поклопил со заедничките напори на Пекинг да го зајакне националното расположение по повод 100-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Кина.


И, очигледно дека успеале во тоа. Врз снова на моменталните информации овој филм е на пат да стане најголемиот филм на сите времиња во земјата, известил во неделата „Global Times“.

Инаку, „No Time To Die“ за две седмици од прикажувањето ширум светот заработил „скромни“ 100 милиони долари.

Погледнете го трејлерот: 




Спонзорирани линкови

Маркетинг