Русија повикува на меѓународна помош за Авганистан

Нетпрес

20/10/2021

18:44

2.067

Големина на фонт

а а а

Русија во средата апелираше на мобилизација за меѓунардона помош на Авганистан, во рамките на меѓународната конференција посветена на оваа земја на која домаќин е во Москва која изрази жалење за одлуката на САД да не присуствуваат на овие разговори.

„Уверени сме дека е време за мобилизирање на ресурсите на меѓународната заедница на Кабул да му се осигури ефикасна меѓународна финансиска помош, за да се спречи хуманитарна криза и да се намалат мигрантските токови“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лаворв за новинарите пред почетокот на разговорите со талибанските, кинеските и пакистанските функционери.

Руската иницијатива да биде домаќин на преговорите и да се собере помош за Авганистан, се толкува како дел од напорите да ја зајакне својата ситуацијата во регионот по повлекувањето на американските и западните сили од Авганистан и талибанското преземање на власта во август.

Лавров истакна дека жали за тоа што САД одлучиле да не присуствуваат преговорите. Вашингтон порача дека поради „технички причини ќе го прескокне“ состанокот во Москва, но дека се планира да им се приклучи на сличните разговори во иднина.

Русија е главно загрижена за ризикот од нестабилност во поранешните советски републики кои сега се самостојни држави во централна Азија на границите со Авганистан, и можноста мигрантските токови и исламистичките милитантни дејности да се проширан во регионот на нејзините граници.

„Го повикуваме талибанското движење, за што разговаравме со нивната влијателна делегација, да го спречат користењето на територијата на Авганистан против трети земји, во прв ред соседите“, рече Лавров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг