Најскапиот руски автомобил на сите времиња распродаден за само неколку дена

Точка

20/10/2021

13:28

41.720

Големина на фонт

а а а

Целокупната планирана годишна продукција на најскапиот руски автомобил во историјата е распродадена за само неколку дена.

Се разбира, станува збор за моделот „Senat“ односно релативно новата марка „Aurus“, чие производство за отворениот пазар започна во текот на мај оваа година.

Во почетокот на октомври, првите примероци пристигнаа во салонот во Москва за да бидат понудени на јавноста. Сепак, по само неколку дена од „Aurus“ известија дека се продадени сите 350 примероци кои треба да се произведат оваа година. Затоа, уште сега се принудени да ја отворат листата на нарачки за следната година.

И сето ова не би било воопшто чудно ако не зборуваме за автомобил кој чини околу 24 милиони руски рубљи, односно околу 289.000 евра. Се чини дека Русите навистина сакаат да возат претседателска лимузина, но и гордост на новата руска автоиндустрија. Затоа, не е изненадувачки што ја избрале исклучиво врвната изведба.


За потсетување, се работи за седан долг над 5,6 метри, кој естетски многу потсетува на „Rolls-Royce“, чии клиенти ги таргетира барем кога станува збор за Русија. Во тоа помагаат опциите за оклопна верзија, како и фактот дека автомобилот има моќен 4.4 V8 мотор во хибридно издание. Развива 590 коњски сили и 880 Nm, што е доволно за да придвижи лимузина од 2,8 тони до ограничените 250 км/ч. со забрзување до 100 км/ч. за околу 6 секунди.

Да ја споменеме и верзијата со V12 мотор, која дополнително ќе се најде во понудата. И што е најважно, повеќето компоненти доаѓаат од запад, од реномирани произведувачи, а потоа сè е усогласено од тим локални експерти од институтот „NAMI“, носител на развојниот проект.




Спонзорирани линкови

Маркетинг