Помоќна од АстраЗенека: Наскоро пристигнува нова француска вакцина - Валнева

Точка

19/10/2021

15:44

8.189

Големина на фонт

а а а

Вакцината против коронавирус, Валнева, која Велика Британија ја откажа минатиот месец откако претходно нарача 100 милиони дози, се покажала многу добро во зајакнување на имунитетот во борба против Ковид-19, покажале резултатите од 3-та фаза на клиничкото испитување.

Крвните анализи од волонтерите кои ја примиле вакцината покажале високо ниво на неутрализирачки антитела против Ковид-19, пренесува „BBC“.

Француската фармацевтска компанија Валнева додава дека нејзината вакцина во овој сегмент, врз основа на тестирањата, покажала посилен одговор во споредба со вакцината на АстраЗенека.


Валнева, која има фабрика во Шкотска, бара одобрение од регулаторното тело на Велика Британија, а наскоро ќе подготви и документација и за одобрување од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Станува збор за вирусно неактивна вакцина, што значи дека содржи мртва верзија на коронавирус која не може да предизвика Ковид-19. На истиот начин се прават вакцините против грип и детска парализа.


Од компанијата велат дека „стапката на сероконверзија на неутрализирачките антитела е над 95 отсто“, како и дека „немало сериозни случаи на коронавирус во текот на испитувањата, и покрај појавата на нови соеви како што е делта сојот“.

„Овие резултати укажуваат на тоа дека овој кандидат за вакцина е на добар пат да одигра важна улога во надминување на пандемијата“, вели водечкиот истражувач, професорот Адам Фин од универзитетот во Бристол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг