Русите лути на американската водителка: "Па тоа беше скандал! Облекла црн тесен фустан, ја пуштила косата, не носела ни хулахопки"

Точка

19/10/2021

11:34

5.956

Големина на фонт

а а а

Остри критики доаѓаат на адресата на американската водителка Хедли Гембл по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин. Од државните телевизии ја обвинуваат водителката дека претседателот за време на енергетскиот форум се обидела да го заведе и збуни со своите голи нозе и со допирањето на својата коса.

Руската државна телевизија е остра во критиките на сметка на американската водителка на "CNBC", Хедли Гембл, која ја водела седницата на енергетскиот форум во Москва, на која учествувал и Владимир Путин.

"Па тоа, луѓе мои, беше скандал. Таа се обиде да го збуни нашиот претседател. Облекла црн тесен фустан, ја пуштила косата, облекла "Лобутинки" со пета од 12 центиметри и седнала покрај претседателот. Нозете ги намачкала со некакво светкаво масло. Не носела ни хулахопки", рекол шокираниот водител на руската државна телевизија за Гембл.

Од телевизијата емитувале дури и исечоци од форумот за да покажат како водителката "го заведувала Путин".

Рускиот новинар Владимир Соловјев на програмата на телевизијата "Rossiya-1" рекол дека водителката се обидувала да го извади Путин од такт и дека се прикажувала како сексуален објект.

"Изгледа дека темелно се подготвувала за средбата со рускиот претседател, како да оди на модна писта. Намалила неколку килограми, облекла црн, тесен фустан и ја пуштила косата", рекол тој, и исто така ги истакнал нејзините чевли.

"Убава си и симпатична"

И Путин во разговорот со новинарката го коментирал нејзиниот изглед. На прашањето дали Европа може да верува дека Русија е доверлив енергетски партнер ако не испорачува гас преку гасовод, тој и одговорил: "Убава си и симпатична. Јас кажувам едно, а ти одговараш нешто друго, како воопшто да не слушаш што ти зборувам".

За критиките на социјалните мрежи се огласила и самата Гембл. Објавила Инстаграм фотографија на која во рацете држи руски весник на кој има фотографија на која нејзините нозе се во прв план и напишала: "Ова е мојот најдобар агол".

Дека руските критики ги смета за смешни покажала и со подарокот кој го добила од своите пријатели. Само за неа направиле торта со фотографија од Путин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг