Младата активистка заиграла и запеала на концертот "Climate Live" во Стокхолм

Точка

18/10/2021

18:45

6.276

Големина на фонт

а а а

Грета Тунберг, 18 годишната активистка за време на викендот се појави на концертот "Climate Live" во Стокхолм, Шведска. Тунбрег во еден момент се качила на сцената, запеала и заиграла пред публиката.

Како што известува Indy100, настанот е одржан порад настојувањето да се обединат луѓето и да се опфати поголем број на луѓе кои моментално не се вклучени во климатската криза.


Откако излегла на сцената со микрофонот во рака, тинејџерката изгледала како да се подготвува да пренесе уште една длабока и клучна порака. Подигнувајќи го микрофонот, Тунберг рекла: "We're no strangers to love".

Ако овие зборови ви звучат познато, тоа е поради тоа што ова се воведните зборови од текстотна хитот на Рик Асли од 1987 година "Never Gonna Give You Up", кој оттогаш станал дел од долгогодишната интернет шега "Rick Roll".


Говорејќи за шведските медиуми Афтонбладет после нејзиниот настап, Тунберг рекла: "На крајот од денот ние сме само тинејџери кои се шегуваат едни со други, а не само гневни деца, како што медиумите често не претставуваат".



Спонзорирани линкови

Маркетинг