„Bloomberg“ ги објави неверојатните суми: Овој човек сега е побогат од Бил Гејтс и Ворен Бафет заедно

Точка

16/10/2021

13:17

29.010

Големина на фонт

а а а

Богатството на Илон Маск, благодарение на порастот на вредноста на „Tesla“ и „SpaceX“ незапирливо расте, па оваа година е зголемено за над 66 милијарди долари.

Погледот кон листата на „Bloomberg“ на милијардери открива дека денес во светот има дури 11 лица кои се „тешки“ над 100 милијарди долари.

На таа листа доминираат луѓето од технолошкиот сектор, а моментално првото место како најбогата личност на светот го има Илон Маск.


Од почетокот на пандемијата, неговото богатство брутално расте, па според последните податоци на „Bloomberg“ моментално изнесува 236 милијарди долари.

Имено богатството на Илон Маск е поголемо кога ќе се соберат богатствата на Бафет и Гејтс. Бафет се наоѓа на десеттото место на листата најбогати луѓе, а неговата вредност изнесува 103 милијарди долари, додека пак Гејтс е на четвртото место со 130 милијарди долари.


Второто место на листата му припадна на Џеф Безос со 197 милијарди долари, додека пак на третото место се наоѓа Бернард Арно со 164 милијарди долари.

Закерберг моментално е на седмото место на листата со 121 милијарди долари, а пред него се наоѓаат основачите на „Google“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг