Восхитувачко видео: Капетан Кирк од „Ѕвездени патеки“ полета во вселената, враќањето следело за само 10 минути

Точка

13/10/2021

20:02

11.768

Големина на фонт

а а а

Вилијам Шатнер покажа бестрашност, авантуристички дух и непобедлива енергија во 90-та година од животот.

Популарниот актер Вилијам Шатнер во 90-та година од животот одлучи да лета во вселената.


Капетан Кирк кој публиката го засака во „Ѕвездени патеки“ денеска со леталото „Њу Шепард“ од компанијата на Џеф Безос „Блу Ориџин“, по долго доцнење одлета во вселената и така го постави рекордот како најстар човек кој бил во вселената, а се врати по 10 минути престојување таму.

Полетувањето на „Њу Шепард“ беше планирано за вчера, но поради најавата на ветрови со голема брзина, лансирањето беше одложено за денес.

На вториот официјален лет од оваа компанија беа и Одри Паурес, потпретседателката на „Блу Ориџин“ и двајца членови од посадата, Крис Бушизен и Глен де Вриес.

„Секој на светот би требало да го направи ова. Беше неверојатно, неописливо“, му кажа Шатнер на Безос по слетувањето.

Ова неверојатно видео стана вирално ширум светот, а Вилијам доби неофицијална титула за најхрабра личност за овој месец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг