Новиот Супермен е бисексуалец: Џон Кент "паднал" на шармот на новинарот

Точка

12/10/2021

19:00

8.409

Големина на фонт

а а а

"DC Comics", американскиот произведувач на стрипови најави дека најновиот Супермен, Џон Кент ќе биде бисексуалец. Во своето следно издание на стрипот кој треба да излезе во ноември ќе биде претставена приказната за врската на Џон со пријателот Џеј Накамура.

Ова издание е дел од серијата "Superman: Son of Kal-El" во која Џон ја презема наметката од својот татко Супермен, Кларк Кент.

Американската издавачка куќа оваа вест ја соопшти во пресрет на денот за подигнување на свеста за ЛГБТ лицата во САД.

Стрип серијата е објавена во јули, а Џон тогаш се борел против пожарите кои биле предизвикани од климатските промени, протестирал против депортирањето на бегалците и се справувал со напаѓачите во пукањето на училиште.

Во едно од претходните изданија, Џон се спријатели со Џеј, новинарот со розова коса.


"DC Comics" соопшти дека парот започнал емотивна врска во петтото издание, бидејќи Џон "физички и психички се изморил обидувајќи сѐ да го спаси секој човек".

Деталите за заплетот сѐ уште не се објавени, но на илустрациите кои ги објави изадвачката куќа се гледа бакнежот помеѓу Џон и Џеј.




Спонзорирани линкови

Маркетинг