НБА лигата официјално ја легализираше марихуаната: И во наредната сезона кошаркарите нема да бидат тестирани

Точка

07/10/2021

11:30

11.603

Големина на фонт

а а а

Кошаркарската лига НБА и официјално ја легализираше марихуаната дозволувајќи им на играчите да ја консумираат и од оваа сезона веќе нема да бидат тестирани за оваа супстанца, јавува Адриан Војнаровски.

НБА лигата веќе не ја смета марихуаната за нелегална супстанца, а Синдикатот на играчите му потврди на овој новинар дека НБА лигата нема да ги тестира кошаркарите за марихуана, што значи дека имаат дозвола да ја употребуваат.

Сепак, тоа не значи дека останатите супстанци се дозволени и тестирањата за нив ќе продолжат за да се сузбие користењето на супстанции кои ги поттикнуваат играчите да играат подобро (стероиди) и останати наркотици.

"Се договоривме со Синдикатот на играчи дека нема да има случајно тестирање на играчите за марихуана. Ќе има тестирање за останатите наркотици", рекол Мајк Бас, гласноговорникот на НБА лигата.

Декриминализацијата на марихуана со години е главна тема во американската влада, а тамошните мдиуми пишуваат дека американската спринтерка Шакари Ричардсон била изоставена од листата за Олимписките игри поради позитивен тест за марихуана.

За крај се наведува дека половина од американската држава го декриминализираше поседување на мало количество на марихуана.