Цртежите на боксерскиот великан Мухамед Али продадени за речиси 1 милион долари

Точка

06/10/2021

18:12

9.062

Големина на фонт

а а а

Ретка колекција на цртежи, скици и слики на боксерскиот шампион Мухамед Али е продадена на аукција за речиси 1 милион долари.

Околу 26 уметнички дела се продадени во аукциската куќа „Bonhams“ во Њујорк.

Едно од најценетите дела, „Sting Like A Bee“, е продадено за 425.000 долари, 10 пати повеќе отколку што беше проценето во претпродажба.

Мухамед Али важи за еден од најголемите спортисти на сите времиња. Тој беше активист и поет, но неговите сликарски таленти се помалку познати.

Претставниците на аукциската куќа „Bonhams“ велат дека Али сликал целиот негов живот и дека во тоа најмногу го поддржувал неговиот татко кој бил професионален сликар, како и спортскиот уметник Лирој Ниман кој му држел часови по сликање.


„Неговата уметничка работа го прикажува она што му било блиско до срцето: цивилните права, боксот, религијата, мирот во светот и хуманоста“, вели Хелен Хол, директорка на аукциската куќа.

Делата на аукцијата ги претставил уметничкиот колекционер Родни Хилтон Браун кој рекол дека Али ги нацртал првите 3 слики за него по борбата во Бостон во 1977 година.


Конечната цена за која се продадени е 945.524 долари, 3 пати повеќе од очекуваното.

Али почина во 2016 година, на 74-годишна возраст по развојот на Паркинсонова болест.