Меркел им порача на Германците: "Важно е кој ќе управува, за Германија да остане стабилна гласајте за Лашет"

Точка

24/09/2021

20:41

2.649

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повикала гласачите во петокот да му го дадат својот глас на Армин Лашет, конзервативниот кандидат на нејзината партија ЦДУ, со цел Германија да остане "стабилна", два дена пред парламентарните избори на кои се избира нејзиниот наследник.

"За Германија да остане стабилна, гласајте за Армин Лашет да стане сојузен канцелар", рекла Меркел на собирот на својата партија во Минхен.

Анкетата во пресрет на изборите предвидува тесен двобој помеѓу кандидатите Олаф Шолц и Армин Лашет.


"Не е неважно кој управува со Германија", додала Меркел и предупредила на сценариото доколку победи Шолц кој според анкетите е во водство: "Можете ли да замислите црвено-црвено-зелена влада?".

Помеѓу можните опции на идната владеачка коалција не е склучен сојуз "црвено-црвено-зелен" помеѓу социјалдемкоратскиот кандидат Олаф Шолц , Левица и Зелените. Таа коалиција сепак не е најверојатна бидејќи постојат бројни идеолошки разлики помеѓу 3-те странки.

Конзервативците, кои лошо стојат со анкетите, таа перспектива ја искористиле за да ги мобилизираат своите избирачи. Канцеларката го критикувала зголемувањето на данокот кој го предвидува социјалдемократскиот кандидат со што би можело да ги потткине германските компании да се преселат во Австрија или Холандија.


"Тоа не е наша политика", нагласила Меркел и додала дека преферира "политика која им овозможува на компаниите да останат во земјата и да отвараат работни мести - овде со цел Германија да напредува".

Канцеларката исто така предупреди на опасност која на Германија би ѝ донела отстранување на "сопирачките за задолжување", а станува збор за "безбедносни сопирачки" кои се вградени во Уставот и ги ограничуваат државните долгови, како и опасност од "задолжување кон Европската унија".




Спонзорирани линкови

Маркетинг