Русинот Сергеј е еден од преживеаните од Елбрус: 5 негови колеги загинаа, а еве што го шокирало

Точка

24/09/2021

21:34

10.760

Големина на фонт

а а а

Сергеј Попов, кој ја преживеа несреќата на Елбрус, во која настрадаа 5 негови колеги, објаснил што се случило.

Силниот снег и ветер ги затекнале додека се спуштале, а со намалувањето на висината паѓањето на снег станало сѐ поголемо.

"Започнавме да се спуштаме, на околу третина од патот, се засили ветерот и снегот, а колку што слегувавме пониско, снегот беше сѐ посилен...Бевме тројца од мојата група, што се случи со останатите, не знам", рекол тој.

Тој додал дека во тоа време извикувал кон неколку луѓе, кои веројатно биле дел од другата група која се искачуваше на планината.


Според зборовите на Попов, тој бил смрзнат, но генерално се чувствувал добро. Жртвата додала дека размерите на инцидентот ги проценил многу подоцна.

"Навистина се исплашив вечерва кога се испостави дека поради нас испратиле возила на Брза помош, кои веднаш нѐ пренесоа", рекол Попов.

Тој додал дека за првпат бил учесник на висинско качување и дека уште не е подготвен да размислува за понатамошни планински освојувања.

За време на искачувањето на Елбрус, група од 19 алпинисти побарале помош. До несреќата дошло на околу 5.400 метри надморска височина. Пет лица загинаа, останатите биле евакуирани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг