Трагедија на највисокиот врв во Европа: Пет лица загинаа, откако група од 19 алпинисти останала заробена на 5.000 метри надморска височина

Точка

24/09/2021

14:00

4.205

Големина на фонт

а а а

Пет лица загинаа во невреме на планинскиот врв Елбрус, соопшти денес руската спасувачка служба.

"Успеавме да спасиме 14 лица, тие се евакуирани и згрижени. За жал, пет лица загинаа", соопшти руското министерство за вонредни ситуации.

Во четврток како што било соопштено, група од 19 алпинисти се најдоа заробени на надморска висина над 5.000 метри поради нагло влошување на временските услови.

Елбрус е на 5.642 метри надморска височина и е највисокиот врв во Кавказ и Европа.


Елбрус се смета за еден од најсмртоносните светски врвови, дел е од кавкаскиот масив, во чиј регион се наоѓаат Грузија, Ерменија и Азербејџан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг