Роналдо три години бил жртва на измама на вработена во туристичка агенција

Точка

23/09/2021

19:00

5.341

Големина на фонт

а а а

Според пишувањата на португалскиот магазин "Jornal de Notícias", Кристијано три години бил жртва на измама од вработените од туристичката агенција со која соработувал.

Тоа се случило помеѓу 2007 и 2010 година, кога Роналдо проверил одредена документација на туристичката агенција. 53-годишна жена го искористила да ги пренасочи парите од 200 патувања кои фудбалерот никогаш не успеал да ги реализира.

И во тој момент, напаѓачот на Манчестер Јунајтед изгубил вкупно 288.000 евра, но не бил единствена жртва на неименуваната жена. Истата измама ја направила и со агентот на Роналдо, Хорхе Мендез и португалските фудбалери, Нани и Мануел Фернандез, од кои вкупно украла 350.000 евра.


"Jornal de Notícias" открива дека измамничката е осудена во 2017 година на суд во Порто, а последните четири години била на условна слобода.

Сега продолжува да ги враќа парите со фиксен месечен износ, иако туристичката агенција за која работела им ги вратила парите на оштетените.