Еми наградите на удар на критики бидејќи белците се закитиле со најмногу признанија

Точка

21/09/2021

13:00

2.940

Големина на фонт

а а а

Кога пред неколку месеци беше претставена листата на номинирани, јавноста беше воодушевена и ја пофали продукцијата на ЕМИ поради рекордниот број на номинирани уметници кои не се белци. Меѓутоа, откако никој од оваа листа не доби признаение-доделувањето е осудено на социјалните мрежи.

Најмногу осуди отворено биле изнесени на социјалната мрежа Твитер, каде моментално кружи хештегот #EmmySoWhite со кој корисниците сакаат да го изразат незадоволството поради фактот дека главните награди ги освоија уметници кои не се црнци.


На пример, на листата од 49 номинирани глумцу црнци најголеми фаворити за освојување на ЕМИ биле Били Портер за улогата во "Pose" и Мајкл К. Вилијамс поради одличниот ангажман во "Lovecraft Country". Меѓутоа, признанијата ги заобиколиле.

Серијата "Ted Lasso" исто така била помеѓу најголемите фаворити за освојување на признание што и се случило, но наградите ги добија само белци. Вреди да се нагласи дека во ова остварување улогите ги толкуваат и бројни црни глумци.

Меѓутоа, важно е да се потсети дека Mихаела Коел стана првата црнкиња која освои ЕМИ награда за најдобро сценарио, како и Ру Пол кој постави нов рекорд за црна личност која има освено најголем број ЕМИ награди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг