На 5-ти септември 1946 година е роден Фарок Булсара или попознат како Фреди Меркјури.
Во продолжение ќе ви откриеме неколку факти од животот на покојниот пејач на „Queen“ кои можеби досега не сте ги знаеле.
Таткото на Фреди работел за Британската колонијална служба во Занзибар (сегашна Танзанија), кога славниот пејач се родил во Стоун Таун во оваа земја. Неговото семејство припаѓало на етничката заедница Парси, чии припадници денес воглавно живеат во Индија.
Кога била оформена групата „Queen“ во 1970 година, Фарок Булсара одлучил да го промени своето име во Фреди Меркјури. Неговите другари веќе го нарекувале Фреди уште од периодот кога посетувал училиште за момчиња во близина на Мумбај.
Колекцијата на Меркјури на поштенски марки кои во текот на детството ги набавувал од Занзибар, Велика Британија, Нов Зеланд и Монако, била една од ретките нешта кои останале во сопственост на неговото семејство по смртта на пејачот. Во 1993 година, колекцијата ја откупил Британскиот поштенски музеј.
Пред да стане светски идол, Фреди имал прилично негламурозна работа. Тој бил вработен на лондонскиот аеродром Хитроу, каде помагал околу багажот на патниците.
Меркјури завршил графички дизајн на Илинг Арт Колеџ, што му помогнало да го дизајнира препознатливото лого на групата. На него, помеѓу останатото, се гледаат лавови, вили (девици) и еден рак бидејќи Меркјури сакал членовите на бендот да ги означи со нивните хороскопски знаци.
Во еден момент чувал дури 10, а во внатрешната страна на омотот од првиот албум „Mr. Bad Guy“, Меркјури напишал дека го посветува на своите миленици Том, Оскар и Тифани, како и на сите љубители на мачки ширум светот.
Во текот на престојот во Германија, Меркјури во својата хотелска соба уживал во топла купка. Тогаш дошол до идеја да напише песна по примерот на хитовите на Елвис Присли и тоа го направил за само 10 минути. Песната која денес ја знаеме како „Crazy Little Thing Called Love“ била првата песна од бендот „Queen“ која се искачила на врвот на американските топ листи.
Пејачот и неговиот менаџер долго чекале да го издадат соопштението со кое ќе ја известат јавноста дека тој боледува од СИДА. Тоа се случило на 23-ти ноември 1991 година, еден ден пред неговата смрт.