Рускиот полицаец го опишал судирот со напаѓачот: Бараше да го фрлам оружјето, па почна да пука во мене

Точка

20/09/2021

21:40

5.031

Големина на фонт

а а а

Константин и неговиот партнер се договориле тој да влезе во зградата, додека неговиот колега се погрижил сите студенти безбедно да се евакуираат од кампусот.

Младиот поручник на руската полиција Константин Калинин, за "NTV" раскажал дека успеал да го сопре студентот кој утрово почнал да пука на студентите на Универзитетот во Перм.

Константин е сообраќаен полицаец кој со својот партнер бил на местото на несреќата, кога им пришол еден очевидец кој им раскажал што се случува во Универзитетот.


Тој и неговиот партнер се договориле Константин да влезе во зградата, додека неговиот колега да се погрижи сите студенти безбедно да се евакуираат од кампусот.

Полицаецот за медиумите раскажал како изгледала неговата средба со напаѓачот.


"Ми велеше да го фрлам оружјето. После тоа го насочи оружјето кон мене и испука куршум, по што и јас му возвратив со истрел. Момчето тогаш падна на подот. Веднаш му пријдов и го разоружив, а потоа му пружив прва помош", рекол Константин.

Иако прво се појавиле информации дека напаѓачот, кој е идентификуван како 18-годишниот Тимур Бекмансуров, бил убиен, било утврдено дека сепак бил ранет и во тешка состојба бил префрлен во болница.

+




Спонзорирани линкови

Маркетинг