Балканот се збогува со Марина Туцаковиќ

Fashionel.mk

20/09/2021

09:49

5.944

Големина на фонт

а а а

Српските медиуми вчера ја објавија веста за заминувањето на најплодниот балкански текстописец, Марина Туцаковиќ.

Долги години таа се бореше со карцином на дојка, но последните денови ги помина во болница во Белград, каде се обидуваа да ѝ ја подобрат состојбата која беше исклучително влошена поради коронавирусот.

Туцаковиќ почина во 68-та година од животот. Веста за медиумите ја потврди нејзиниот син Милан.

Родена е на 4 ноември 1953 година во Белград. Студирала на Економскиот факултет, а со пишување песни се занимавала уште од 19 години.

Кариерата ја започнува со соработката со групата „Зана“. Нивниот хит „Додирни ми колена“ го пишува токму таа, а потоа нивната соработка продолжува.

Оттаму, почнува да пишува текстови за бројни музичари меѓу кои Слаѓана Милошевиќ, Оливер Мандиќ, Oливер Драгојевиќ, Здравко Чолиќ, Северина, Неда Украден и многу други музичари од балканската музичка сцена, независно на кој жанр припаѓаат.

Голем дел од српските верзии на текстовите од песните на нашиот Тоше се напишани токму од Марина. Според некои неофицијални податоци, таа е текстописец на преку 4.000 песни.

Голем број од познатите личности се збогуваа со неа преку социјалните мрежи:



Спонзорирани линкови

Маркетинг