Роналдо оствари неверојатен рекорд со новиот гол против Вест Хем

Дерби

19/09/2021

17:38

4.064

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо уште на самиот старт се покажува како огромно засилување за Манчестер Јунајтед, без оглед на тоа што имаше и скептици со оглед на возраста на Португалецот.

Кам-бекот во Премиер лигата очигледно позитивно влијае врз португалската гол-машина, која ова попладне го постигна четвртиот гол во третиот настап во враќањето во Јунајтед.

По двата гола на дебито со Њукасл и оној против Јанг Бојс во Лигата на шампионите, Роналдо стрелаше и денеска против Вест Хем за израмнување на 1:1 во Лондон во првото полувреме.

Овој погодок на Роналдо му донесе нов неверојатен рекорд, бидејќи новиот стадион на Вест Хем е 66-от различен стадион на кој постигнува гол во својата блескава фудбалска кариера.

Блиску до него откако се води оваа статистика е само Златан Ибрахимовиќ (64), кој исто така може да се пофали дека играше во топ четири најсилните лиги во светот.