Објавена снимка: Навивачите на Вест Хем ги нападнале "Бед Блу Бојс"

Точка

16/09/2021

16:14

3.036

Големина на фонт

а а а

Загрепската полиција денеска известила дека во средата, ден пред натпреварот меѓу ХНК Динамо и Вест Хем Јунајтед, во центарот на градот спречила можност за поголем навивачки судир и привела седум пијани гостински навивачи.

Полицијата прецизирала дека во околу 21:25 часот на тераса на кафуле во Загреб забележала тензии меѓу гостинските и домашните навивачи и со употреба на телесна сила и палки издвоила и задржала четири државјани на Велика Британија на возраст од 23, 20, 25 и 23 години кои се наоѓале во група која физички и со помош на столчиња, кригли и шишиња нападнала двајца хрватски државјани на возраст од 26 и 21 година.

Во исто време, интервентните полицајци, кои исто така се наоѓале во зоната на судирот, со употреба на сила издвоиле уште еден британски државјанин на возраст од 25 години, а приведени биле уште двајца Британци кои меѓусебно се тепале на тераса од кафуле, додала полицијата.

Објавена е и снимка од нападот на која се гледа како навивачите на Вест Хем напаѓаат навивачи на Бед Блу Бојс.

Потсетуваме, Динамо Загреб и Вест Хем го играат својот натпревар вечерва со почеток во 18:45 во рамките на Конференциската лига.