Во овој народ жената е Бог: По разводот сè ѝ припаѓа нејзе, не го крие лицето и може да избира колку партнери ќе има

Точка

16/09/2021

22:57

15.541

Големина на фонт

а а а

На светот постои едно муслиманско племе кое живее по целосно спротивни правила од остатокот на муслиманскиот свет - Туарези.

Туарезите се народ кој им припаѓа на древните берберски племиња, воглавно сместени на подрачјето на Сахара. Не се знае нивната точна бројка - таа се движи помеѓу 100.000 па сè до 3 милиони, но бидејќи народот се состои од бројни племиња различни по начинот на живот, многумина ги спојува само јазикот. Туарезите се често поврзувани со Муамер Гадафи кои во нив гледал одлучни и вредни борци и токму поради тоа довел бројни припадници на овој народ во војската на Либија.

Туарезите често ги нарекуваат „Син народ“ бидејќи обожуваат да носат сина облека. Претставуваат еден од ретките муслимански народи каде мажите наместо жените ги прикриваат лицата, но тоа не e сè.


Пред една припадничка на овој народ да стапи во брак, таа може да менува партнери и да живее според истите правила и слободи како и мажите. Кога фотографката Хенриета Батлер направила серија фотографии со Туарези, ги прашала зошто жените не ги прикриваат лицата. Одговорот гласел дека жените имаат прекрасни лица и дека мажите сакаат да можат да ги гледаат.


Сексуалната слобода кај овој народ е голема - мажот може да влезе во домот на жената, но од некој спореден влез, и да ја помине ноќта со неа додека остатокот од семејството се преправа дека не го забележува тоа. Жената може да бира колку партнери ќе прими во домот и кога ќе го направи тоа, а важно е сè да биде дискретно изведено и со најголема почит, објаснува фотографката која поминала долг период со овој народ. Поради ваквата слобода, жените се венчаат подоцна во однос на остатокот од муслиманскиот свет, некаде околу 20-та година.


Мажите ги заведуваат жените со песни кои ги пишуваат за нив и тоа е клучно во додворувањето и запросувањето. Поголемиот дел од жените се писмени, па честопати и тие составуваат песни.

Кај Туарезите, жената има право да се разведе од мажот и притоа ги задржува домот и животните. По разводот, мажот најчесто се враќа кај своите родители само со камила.

Разводот не е трагедија кај овој народ - напротив, обично тогаш се прави голема забава за луѓето да знаат дека жената е повторно слободна за брак.


Традицијата на матријархатот е толку силна што семејното стебло се гледа според женските членови на семејството. Со женидбата, мажот преоѓа во семејството на жената, спротивно од традиционалното. Уште еден дел од традицијата е што мажот го остава својот имот на децата на својата сестра наместо на своите деца бидејќи се смета дека децата на сестрата се поблизу до корените на семејното стебло од неговите - детето на сестрата со сигурност припаѓа на семејството додека мажот не може да се заколне дека неговото дете е навистина негово.




Спонзорирани линкови

Маркетинг