Откриена здравствената состојба на Путин, од денеска е во самоизолација

Точка

14/09/2021

13:01

5.385

Големина на фонт

а а а

Од Кремљ наведуваат дека Путин уште некое време нема непосредно да учествува на настани.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска соопштил дека претседателот Владимир Путин, кој отишол во самоизолација, е апсолутно здрав.

"Претседателот одлучи он-лајн да учествува на самитите на Шангајската организација за соработка и ОДКБ, бидејќи беше во контакт со лица кои се заразени со Ковид-19 и не треба да ги доведува своите колеги во опасност", рекол Песков, пренесува "Tass".


Навел дека Путин уште некое време нема непосредно да присуствува на настани, но дека самоизолацијата нема да влијае на интензитетот на неговата работа он-лајн.

Од Кремљ претходно е соопштено дека Путин ќе биде во самоизолација поради случај со коронавирус во своето окружување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг