За пет дена Apple ќе го претстави iPhone 13 и другите новитети на настанот "California Streaming"

Точка

09/09/2021

17:17

17.189

Големина на фонт

а а а

Новата генерација на iPhone 13, а веројатно и други нови уреди ќе бидат претставени за пет дена, односно на 14 септември на настанот "California Streaming".

Иако изминатите две години доцнеле поради пандемијата со претставувањето на новите уреди, компанијата Apple се врати на традицијата па во средината на септември го закажа претставувањето на новитетите, а најголемо внимание ќе привлече телефонот iPhone 13 за кој во изминатиот период премногу се зборувало.

Еден од моделите ќе може да извршува и сателитски повици, додека во една од сериите се појавил без исечок за предната камера, а се спомнува и брзо полнење, подобрување на 5G технологијата и меморија до 1 терабајт. Меѓутоа, сѐ уште нема доверливи информации и сѐ се сведува на исчекување.

Оние кои се добро запознаени со случувањата во компанијата Apple, очекуваат новиот iPhone 13 како и претходниот модел да биде претставен во четири верзии (мини, стандард, Про и Про Макс) и со освежен екран од 120Hz. Се очекува дека на 14 септември на јавноста ќе им биде претставен и новиот Apple Watch како и Air Pods слушалките.


Секако, како и другите комапнии, Apple оваа година одлучи претставувањето да биде преку дигиталните платформи поради пандемијата со коронавирусот, а преносот ќе биде овозможен преку Јутјуб или сервисот за стриминг на Apple.