Зоран Милески - Кичеец е eден од седуммината повредени во сообраќајката кај Стража, добил прекин на затворската казна поради лекување

Точка

04/09/2021

19:16

8.754

Големина на фонт

а а а

Осудениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески - Кичеец, е еден од седуммината повредени во тешката сообраќајка што се случи попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Засега нема информации дали тој управувал со некое од возилата и дали е повреден, пренесува „360 степени“.

Кичеец, кој призна вина во „Рекет“, издржува 3-годишна затворска казна во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга. Директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, за „360 степени“ вели дека осуденикот во моментов се наоѓа на 30-дневен прекин на издржување на казната од здравствени причини. Од Управата тврдат дека решението за прекин е издадено врз основа на медицинска документација и е со траење до 8-ми септември.

Во денешната сообраќајка во која Кичеец бил еден од учесниците, учествуваа три возила: џип „мерцедес“, БМВ и камионет. Едно лице од камионетот загина на лице место, а седум беа пренесени на укажување лекарска помош во гостиварската болница.

Сообраќајката се случи околу 15:30 часот кај местото Новоселски гробишта, а сообраќајот беше во прекин околу 3 часа, додека од 18:10 часот наизменично се пуштаат возила од двете насоки.