После многу години "Спајдермен" ја потврди врската со глумицата

Точка

02/09/2021

13:57

5.638

Големина на фонт

а а а

Том Холанд, главниот јунак на "Spider Man: Homecoming" објави фотографија на Инстаграм честитајќи го 25-от родеден на Зендаја со што ја потврди и врската за која со години се зборувало.

Зендаја ја наведнала брадата на рамото на Холанд кој бил облечен во униформата на Спајдермен, а моментот е снимен во огледало.

Фотографијата веројатно била направена за време на снимањето на филмот, бидејќи Холанд има гребнатинки и модрици на лицето.

"Моја Ем Џеј, нека ти е најсреќен роденденот", напиша Холанд осврнувајќи се на ликот на Зендаја во филмот и додаде: "Јави ми се кога ќе се разбудиш xxx".

Уште во јули 2017 година, извор рекол дека тие двајца се заедно, но дека врската ја чуваат во тајност.

"Почнаа да се гледаат додека го снимаа Спајдермен. Внимаваа да биде сѐ приватно и далеку од очите на јавноста, но заедно одеа на годишни одмори и се обидуваа да поминуваат што повеќе време заедно", рекол изворот.

После долги години од погодување, негирање и тајни излегувања јавноста ја доби својата потврда на Инстаграм.